Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Измама: Со туѓа лична карта си подигнал кредит и ги зел парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(25) од село Јеловјане, тетовско, вработен во правно лице – финансиско друштво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против Ф.Д.(31) и Е.Б.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот, со лична карта на лице од село Раотинце, без негово знаење подигнал готовински кредит во финансиското друштво во Тетово, додека останатите пријавени како вработени во финансиското друштво му овозможиле да ги злоупотреби податоците и да го подигне кредитот со туѓа лична карта.

Можеби ќе ве интересира

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС повторно демантирани, Македонија доби најмногу европски средства во регионот

ДЕСК

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

ДЕСК