Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЕСМ: Испораката на топлинска енергија за Скопје тече без прекини, алтернативa за топланите е дизел горивото

АД ЕСМ навремено ќе ја извести јавноста откако ќе донесе одлука за набавка на гас за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, како и за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ ТО, соопштија од оваа институција.

„АД ЕСМ претходно веќе ја извести јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите се технички и технолошки подготвени да го користат и истото е достапно за набавка, така што испораката на топлинска енергија за градот Скопје тече без прекини и истото ќе продолжи и во следниот период“, е нагласено во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК