11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

За седум дена санкционирани се 235 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 234 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 17.10. до 23.10.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.