18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Богоев од Новаци: Една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација, СДСМ е постојано со граѓаните

СДСМ е консолидирана, се враќа на победничките патеки и постојано е со вас граѓаните, ги слуша вашите барања и ги следи вашите потреби, порача од Новаци потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев на денешната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Новаци.

Богоев посочи дека СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи презеде навремени и ефикасни мерки за справување со последиците од економската и енергетската криза.

– 750 милиони евра обезбедивме за мерки за помош на граѓаните и компаниите. Оваа криза покажа колку е важно домашното производство на храна, па затоа за земјоделците обезбедивме дополнителни 52 милиони евра како помош, истакна Богоев.

Потпретседателот Богоев порача дека само една година е доволна да се види на дело неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои немаат реализирано ниту еден значен проект, но затоа знаат парите на граѓаните да ги трошат на партиски врабитувања и да ги зголемуваат цените на комуналните услуги во време на криза, на штета на граѓаните.