Centar.mk
БИЗНИСвест

Лукаревска: Пари за “Мој ДДВ” имало и ќе има постојано

„Средства за МојДДВ имало и ќе има. Во моментов, со антикризните мерки обезбедени се дополнителни 18 милиони евра во Буџетот за поврат на средства, за граѓаните корисници на Мој ДДВ. Во ноември следи исплатата на третото тромесечје за скенирани фискални сметки преку МојДДВ во месеците јули, август и септември, каде што согласно пресметките, се очекува за трето томесечје од 2022 година, на граѓаните да им се вратат околу 580 милиони денари“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“.

Таа додаде дека меркат астанува се поактивна и дека бројот на корисници секојдневно расте. Во моментов апликацијата ја користат над 460 илјади корисници во земјава.

„За три години како се реализра мерката МојДДВ, УЈП, на сметките на корисниците исплати 4,2 милијарди денари или близу 68,3 милиони евра. Тоа се сериозни средства преку кои директно се подобруваат семејните буџети, а на овој начин позитивно влијаевме и врз стеснување на обрачот на сивата економија“ рече Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Повторно поскапување на дизелот

ДЕСК

ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

ДЕСК