24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Лукаревска: Компаниите плаќаат даноци, имаме за 20% поголема наплата од лани

„Би рекла дека согласно податоците од наплатата на приходите, досега компаниите редовно си ги сервисираат даночните обврски. Оваа година наплатата по сите видови приходи заклучно со септември изнесува 77,2 милијарди денари, што е за 0,62% повисока во однос на планот за 2022 за овој период и за 19,80% во однос на истиот период минатата година“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“.

Таа додаде дека е предизвик и огромна одговорност во време на глобална криза да се зачува животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Во врска со контролите и утврдените отстапки на компаниите, Лукаревска кажа дека најчести неправилности се поради неточно искажан влезен данок.

„Од почетокот на оваа година заклучно со месец август 2022 година извршени се вкупно 4.523 контроли од кои 1.590 контроли на даноци (ДДВ, ДЛД и данок на добивка) и 56 контроли на други јавни давачки. Најчести видови на констатирани неправилности се утврдени кај неточно искажан влезен данок, понатаму неевидентиран промет како резултат на констатиран кусок на залихи, готов производ, потрошена амбалажа разлика помеѓу вкалкулираната и продажната цена на производите или материјалите, констатирани разлики меѓу набавените вредности и продадените, неевидентирани фактури во сметководствена евиденција, искажан промет по повластена наместо општа даночна стапка што е спротивно на одредбите на член 30 ст.1.т.14 од Законот за ДДВ).и др неправилности за кои има и соодветни поднесоци“ рече Лукаревска.