Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зимско сметање на времето – ќе одат ли стрелките еден час наназад – Владата одлучува деновиве

Дали оваа година ќе имаме зимско сметање на времето или не? Владата неодамна најави дека можеби оваа година нашата држава ќе остане во режимот на летното сметање на времето.

Според сознанија на Centar.mk, конечна одлука, за тоа дали ќе има зимско сметање или не оваа година можеби ќе се донесе уште денес на редовната владина седница. Toa значи дека оваа година можно е воопшто да не прејдеме на зимското сметање на времето кое треба да почне во сабота кон недела ноќта, меѓу 29 и 30 октомври.

Тогаш, доколку Владата не донесе поинаква одлука, стрелките ќе треба да ги поместиме од 3 на 2 часот и ќе добиеме дополнителен час.

Зимското сметање на времето подразбира враќање на стрелките на часовникот за еден час назад.

Ако останеме во летно сметање на времето ќе имаме 1 час подолг ден, но будењето на утро ќе биде во мрак за оние кои порано одат на работа.

Европската Унија со години дебатира за ова прашање и целосно укинување на промената на времето, но конечна одлука не е донесена.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК