Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Започнува Конференција на ОБСЕ задно со медитеранските партнери во Јордан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денес во Јордан, заедно со Министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ.

Овогодинешната конференција е во организација на Северна Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Ова е за прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот.

Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл. Покрај Домаќините, министрите Османи и Сафади, воведни обраќања се очекува да имаат и Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата, како и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

По завршувањето на воведниот панел, Министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници – воведничари ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин II.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК