Centar.mk
БИЗНИСвест

“Ниту по војната нема повторно да зависиме од Русија”

Копретседателката на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) Саскија Ескен изјави дека е против обновувањето на увозот на гас од Русија дури и по војната во Украина.

„НИ по војната, нема да ја обновиме нашата зависност од руските резерви на енергија“, изјави таа за RTL и Ntv и нагласи дека е среќна што се преземени најважните чекори за да се ослободиме од зависноста.

Ескен оцени дека во моментов нема можност за дипломатски успех со Владимир Путин.

„Важно е дипломатијата да остане активна, но брз крај на војната може да донесе само рускиот агресор Путин. Тој ја нападна Украина и мора да ги прекине непријателствата и да ги повлече своите војници од Украина, а во моментов нема видлива подготвеност за такво нешто“, изјави таа.

Поради ова, смета таа, во моментов нема да има напредок по дипломатски пат.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК