Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ за само една година како локална власт предизвика колапс на градот Скопје и јавните претпријатија, кои се под негова надлежност.
Заинтересирани само за бизнис интереси со рацете во медот создадоа хаос во јавното сообраќајно претпријатие и за прв пат во историјата го оставија Скопје без јавен превоз.
По два дена прекин, вработените добија плати, превозот тргна, но без одговор остана прашањето како ЈСП за една година направило долг од милион евра и дали причина за тоа е и набавката на гориво по цена повисока од 5,6 денари по литар од редовата.
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ предвизика хаос во ЈСП, а ништо подобра не е состојбата ни во други јавни претпријатија на градот Скопје.
Градот стагнира и наздува, прекината е реализацијата нa крупни проекти, ветените проекти и инвестиции никаде ги нема.
СДСМ очекува ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот на Град Скопје и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница, за разгледување на овие прашања.
Скопјани не заслужуваат неспособна градска власт која мисли само на лични бизнис интереси и дејствува на штета на Градот и граѓаните.