Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Османи од денеска е во прва официјална посета на Јордан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23-ти октомври ќе престојува во прва билатерална посета на Хашемитското Кралство Јордан, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата Османи ќе оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво на Јордан, Ајман Сафади, во чии рамки ќе биде потпишан Протокол за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи.

Воедно, министерот Османи ќе се сретне и со министерот за земјоделие на Јордан, Калид Ал-Ханифат, со кого ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделието, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите на двете земји.

Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јордан, со посебен акцент на соработката во економијата, земјоделието, бизнис релациите и културните врски меѓу двете земји.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК