Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Во вторник нова цена на горивата – Што ќе одлучи РКЕ?

Во вторник, наместо утре поради празникот, Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата.

Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 93-94 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените.

Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 денари/литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 денари/литар.

Сепак новите цени на горивата ќе бидат познати утре напладне, пишува Vestiplus.mk.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК