Компјутерската лингвистка Тамара Атанасоска, за запознавање на странцита со некои од најважните карактеристики на македонскиот јазик, направила презентација во која се опфатени, како што вели – општите факти, морфологијата, семантиката и синтаксата, на македонскиот јазик.
„Честопати сум единствената македонска личност што луѓето ја запознале. Најчестото прашање што го добивам е: „на кој јазик зборуваат луѓето таму?“. Нема многу за јазикот на англиски и на интернет. За курс по лингвистика, морав да конструирам таканаречен „јазичен профил“, а со тоа и шанса да додадам мал дел од мојот таму за другите да го откријат“, пишува Атанасоска во нејзиниот блог – Јазичен профил: македонски.
Тамара Атанасоска вели дека е компјутерски лингвист со многу посилна позадина во инженерството отколку лингвистиката, но го дава нејзиниот придонес.
„Презентацијата подолу содржи резиме и поминува низ некои општи факти, морфологија, семантика, синтакса, дискурс и НЛП ресурси. Ќе ви даде краток преглед на некои од најважните карактеристики. Ја искористив оваа презентација за да го презентирам трудот погоре. Јас сум малку минималист кога станува збор за мојата презентација, така што нема многу текст на слајдовите, но можете да ја разберете суштината.
Среќна сум да одговорам на сите прашања! Исто така, ако градите какви било модели на НЛП кои вклучуваат македонски јазик и би сакале да го погледне некој што го зборува како прв јазик и е обучен за лингвистика и обработка на природни јазици, известете ме. Среќна сум што ги гледам бесплатно! Би била воодушевена доколку повеќе луѓе почнат да го вклучуваат македонскиот јазик во нивните НЛП проекти, и покрај прашањето за недостигот на ресурси“, наведува Атанасоска во блог постот.
Кратката презентација погледнете ја тука.
Тука, долгата верзија со многу примери за читање.