Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, да не измислува нови лаги, никој не му верува

Соопштение на СДСМ:

Два концепти имаме во државата – едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ.

Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните.

Сите лаги на Христијан Мицкоски досега потонаа во вода.

Ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.

Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.

Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти и додавки.

Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.

Најдобро за Мицкоски е да не измислува нови лаги. Впрочем, никој не му верува на Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК