Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе уживаме во сонце и температури до 28 степени – Детална прогноза за времето за следните денови

Ќе се задржи претежно сончево и топло за овој дел од годината. До вторник значително потопло ќе биде на планините. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и таму температурата преку денот ќе биде за неколку степени пониска.

Прогноза за 24.10.2022
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од западен правец, наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Особено потопло ќе биде на планините.

Прогноза за 25.10.2022
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Сончево со мала облачност и релативно топло со слаб до умерен западен ветер. Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини.

Прогноза за 26.10.2022
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Сончево со мала облачност и релативно топло со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК