Centar.mk
ЛОКАЛНОТЕМА

Важна вест за скопјани, се огласи Град Скопје: Во понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Ве информираме дека во понеделник (24.10.2022 година), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 – 17.30 часот е последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле.

Можеби ќе ве интересира

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК

НА 29 МАЈ СО ПОСЕБНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Водовод Скопје апелира да се користат електронските сервиси

ДЕСК