10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за лето среде есен и температури до 28 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево, а од недела и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Утре претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места.

Прогноза за 23.10.2022
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 24.10.2022
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од југозападен правец, наутро со услови за слаба магла по одделни котлини.

Прогноза за 25.10.2022
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Сончево со мала облачност и релативно топло со слаб до умерен западен ветер, наутро со услови за слаба магла по одделни котлини.

Спонзорирано: