Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Костадинов: Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, во објава на Фејсбук, вели дека неговата визија за Струмица, е градот да има целосно електричен јавен превоз.

„Да се има визија за Струмица, значи да се размислува долгорочно, да се овозможуваат услови за подобар живот на граѓаните. Во оваа криза сметам дека повеќе од потребно и е на Струмица јавен превоз, кој ќе биде еколошки и во согласност со долгорочната стратегија на ЕУ, европскиот зелен договор. Мојата визија за Струмица е да бидеме првиот град во државата со целосно електричен јавен превоз, кој ќе овозможи движење на граѓаните од населените места за значително помали цени, движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж, решавање трајно на проблемот со дивите таксисти“, вели Костадинов.
Тој нагласува дека веќе се прават потребните анализи и истражувања кои би помогнале во имплементацијата на тој проект.

Оваа моја идеја ќе ја презентирам пред граѓаните преку форумот на заедниците, пред советот од кој ќе ја барам поддршката да сите заедно се запишеме во историјата на нашиот град, вели градоначалникот на Струмица, Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

ДЕСК

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

ДЕСК

Започна реконструкција на дел од улицата “Јуриј Гагарин” во Козле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.