Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Koординативен состанок со енергетски компании

Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании.

„ Енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија. На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100% покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние кои што им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во кои што температурата ќе биде пониска, затоа неопходно е рационално трошење на сите енергенси.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК