Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Со имиња објавени граѓани и фирми кои должат за данок – УЈП објави долга листа на должници на данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

Pовисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Листата на должници е објавена на сајтот на УЈП, и може да ја проверите на ОВОЈ ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК