Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

НАТО достави до Македонија листа за потребна воена помош за Украина

НАТо минатата недела на Министерскиот состанок на министри за одбрана што се одржа во Брисел до Македонија доставил листа на воена опрема што ќе биде потребна за Украина, откри денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Македонија засега нема донесено нова одлука да испрати воена помош за Украина, но во консултации со Генералштабот, ако има можност да се излезе во пресрет на дел од потребите, тоа ќе биде направено.

–Минатата недела се одржа Министерски состанок на министри за одбрана во Брисел. Меѓудугото, имаше и сесија посветена на Украина, како центар на случувањата во овој подолг временски период. Беше поделена поголема листа на опрема која и е неопходна, а која заради сензитивноста е класифицирана. Во консултација со ГШ на АРМ доколку има простор и можност да се одговори позитивно на дел од тие побарувања, апсолутно ќе биде предложена до Владата повторно таква одлукаа, а за тоа ќе бидат известени медиумите и јавоста. Сега засега ја согледуваме нивната листа на побарувања, рече министерката во одговор на новинарско прашање.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК

Сали: Еднаквоста и довербата во институциите се суштински за европската иднина

ДЕСК