Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен битолчанец кој украл предмети од Апелациониот суд

Синоќа, во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица го привеле С. Б.(27) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 18.10 часот, со употреба на физичка сила, влегол во подрумскиот дел во зградата на Апелациониот суд Битола на булеварот 1 Мај, при што одзел повеќе предмети.

„Одземеното било пронајдeно и вратено на сопственикот. Исто така, при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и во консултација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +