Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костовски: Суштината на Законот за партии е ВМРО-ДПМНЕ да се провери дали е континуитет на Ванчо Михајлов

„Суштината на нашите измени на Законот за политички партии е ВМРО-ДПМНЕ да одлучи дали е континуитет на Ванчо Михајлов или се откажуваат од него. Клубот што се отвори во Битола носи име и презиме на контроверзна историска личност, нарачател на политички убиства, поддржувач на нацизам и фашизам и човек кој бил во раководството на ВМРО“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека со измените на законот се опфатени и обележјата на политичките партии и кажа дека на логото на ВМРО-ДПМНЕ, под лавчето стои 1893 – 1990, со што се опфаќа и периодот во кој Ванчо Михајлов бил дел од раководството.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се огради од оваа историска личност, бидејќи се против отворање на клубови со вакви имиња. ВМРО-ДПМНЕ да каже дали има континуитет од Ванчо Михајлов или има дисконтинуитет“ рече Костовски.

Пратеникот од СДСМ во дебатата на „Топ тема“ ја праша неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска дали луѓето што ги отвораат бугарските клубови се членови на нејзината партија, бидејќи се појавуваат на слики со претседателот Христијан Мицкоски и дали ВМРО-ДПМНЕ е вклучено во отворањето на овие клубови.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК