20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Со истите автобуси ЈСП протестираше и во 2015 пред СДСМ, дали истите сценаристи злоупотребуваат јавно добро и тогаш и денес?

Со истите автобуси на ЈСП со кои денеска неколкумина возачи во ЈСП се појавија на политички исценираните протести пред Владата, во 2015 година се појавија да протестираат пред седиштето на СДСМ, кога партијата беше во опозиција, а во позадина на протестот тогаш стоеше ВМРО ДПМНЕ. Ако се споредат фотографиите од денеска и од пред седум години станува јасно дека неколкуте автобуси како да се резервирани за протести, особено за оние политички- партиско мотивирани, каков што беше и овој денеска пред Владата. Со еден збор, истите партиски структури и тогаш и сега стојат зад протестите, тогаш пред СДСМ, сега пред Владата.

Имено, денеска само малкумина излегоа да протестираат, директорот на ЈСП, Александар Стојковски, кој мораше да се појави за да не биде санкциониран од својата шефица Данела Арсовска, Зоран Глигоров, секретарот на Град Скопје, за кого не е јасно зошто отишол на проестот освен што послушал наредба од градоначалничката. Денешните протести повеќе испаднаа протести на Арсовска против Владата, отколку протести со револт на вработените кон Град Скопје, какви што впрочем треба да бидат.

Да не знаеше јавноста што стои во позадина на ваквиот протест граѓаните ќе прашаа зошто градоначалничката Данела Арсовска не го спречила ваквиот начин на протест, зошто не ги седна вработените во ЈСП и со нив да договори како да се надмине проблемот со празната градска каса и како да им излезе во пресрет и да им обезбеди плата? Затоа се наметнува потребата од одговоност кај Арсовска и кај директорот на ЈСП кои практично со јавни пари застанаа против граѓаните. Цел ден предизвикуваат хаос во сообраќајот, а граѓаните го совладуваат метежот видно нервозни.

Значи денеска во Скопје имаме ситуација како малкумина вработени во ЈСП користат автобуси од јавниот превоз купени со пари од граѓаните, користат гориво купено со пари на граѓаните, а протестот го претворија во блокада на истите тие граѓани кои издвоиле да се купат автобусите и горивото. Вака вработените во ЈСП нема да ја постигнат целта и нема да ја придобијат јавноста на нивна страна. Тие и самите знаат дека за лошата финансиска состојба во нивната фирма вината е во Градот Скопје, поточно кај градоначалничката Арсовска, па затоа таму е вистинската адреса на која треба да протестираат и да си ги бараат парите. Не може своите пари да ги бараат со неодговорно трошење на јавните пари.

Спонзорирано: