Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Бајден одлучи: Пушта на пазарот уште 15 милиони барели нафта од стратешките резерви

Соединетите Американски Држави ќе пуштат уште 15 милиони барели нафта од стратешките резерви на пазарот во декември, објави Белата куќа.

Како што се наведува во образложението на одлуката, американската администрација се одлучила на овој потег со цел да ја стабилизира цената на горивото во земјата, како и цената на нафтата на светскиот пазар, пренесува Њујорк Тајмс.

– Ова е драматична одлука на Белата куќа три недели пред изборите за Сенатот и Претставничкиот дом и по зголемената загриженост поради сериозниот пораст на инфлацијата оваа зима и војната во Украина. Со овие 15 милиони барели ќе бидат потрошени сите 180 милиони што претседателот Бајден ги одобри за продажба на почетокот на годинава – се вели во текстот на Њујорк Тајмс.

Наводно, Бајден е подготвен да потпише продажба на повеќе големи количества нафта од стратешките резерви во кои може да има 700 милиони барели нафта. Уште 400 милиони ќе останат во резервите откако споменатите 15 милиони ќе бидат пуштени на пазарот.

Инаку, Америка има намера да ги пополни резервите кога цената на барел нафта ќе падне под 72 долари. Моментално е на 90 долари за барел.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК