Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка: Шест лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу два мотоцикли и едно патничко возило кај превојот „Буково“

Вчера во 13.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај превојот „Буково“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ѓ.(20) од Охрид, мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.А.(21) од Охрид, двата со охридски регистарски ознаки, и патничко возило „поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.П.(59) од битолското село Бистрица.

Во несреќата, двајцата мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди, додека Е.К.(19) од Охрид, сопатник на првиот мотоцикл, возачот на возилото „поло“ и сопатничките Л.Р.(49) и Т.П.(55), двете од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +