24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

ТОПИ КИЛОГРАМИ: Ако на овој начин пиете чај од цимет, следуваат одлични резултати

Чајот од цимет за слабеење е одличен начин да се ослободите од вишокот килограми и да се подготвите за есенската и зимската сезона.

Кога станува збор за слабеење, сите експерти се согласуваат дека без промена на исхраната и физичката активност, не е логично да се очекуваат долгорочни резултати. Токму поради оваа причина, повеќето таканаречени „брзи“ диети често резултираат со јо-јо ефект, односно зголемување на телесната тежина во рекордно време.

Меѓутоа, доколку навистина сте решиле да го доведете телото во ред и да ослабете оваа есен, покрај намалената диета и задолжителната физичка активност, може да ви помогне и чајот од цимет кој може да придонесе и да нема негативни последици.Циметот има голем број од придобивки за организмот, а на врвот на листата е борбата со упорните масти. Истражувањето спроведено во 2012 година покажало дека овој зачин, освен што е одличен за зајакнување на имунитетот, го намалува шеќерот и холестеролот во крвта, ја подобрува циркулацијата и позитивно влијае на запек и го намалува чувството на глад.

Овој напиток рамномерно ги топи наслагите од сите делови на телото, особено вишокот килограми во пределот на желудникот, но само доколку се конзумира на правилен начин.

Како да се подготви чај од цимет?
За најдобри резултати, експертите советуваат да го приготвите со лимон за дополнително да го забрзате процесот на слабеење, а се консумира и до 4 пати на ден. Секако, доколку ви пречи лимонот, слободно консумирајте го и без него, а за подготовка ви треба:

  • Чаша вода
  • Лажица мед
  • Половина лимон
  • 1 стапче цимет

Подготовка:
Ставете стапче цимет во вода и почекајте да зоврие. После тоа, додадете мед и исцедете лимон. По желба можете да додадете и малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект. Напитокот за слабеење е подготвен. Консумирајте по една шолја дневно. Најдобро би било тоа да го правите наутро бидејќи на овој начин го забрзувате метаболизмот.

Доколку го пиете помеѓу оброците, циметот служи за потиснување на чувството на глад и внесување на непотребни калории, а се препорачува и да се пие пред вежбање или пешачење. Исто така, дури и ако пиете чај од цимет еднаш дневно, навечер, добрите страни се што ја спречува потребата од доцна „грицкање“, а неговата ефикасност ќе трае и во текот на ноќта и ќе делува на согорување на масните наслаги.