Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

РEK Битола го удвои производството на струја, Блок 1 е приклучен на мрежата

РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава.

Постројката е повторно во функција после 23 дена ремонт и заедно со Блок 2 испорачуваат електрична енергија. Ремонтот, кој обично трае 45 дена и повеќе, завршен е во рекордно краток рок, пред се благодарение на вработените во РЕК Битола и на ангажманот на исклучиво домашни фирми.

Согласно Планот за производство и во непроменети околности, РЕК Битола треба да продолжи да работи со два блока до почетокот на ноември. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на Блокот 3, во краткотраен ремонт треба да влезе и Блок 2 со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона.

АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено домашно производство.

Можеби ќе ве интересира

Обезбедени дополнителни средства за инвестиции во образовната инфраструктура и енергетска ефикасност

ДЕСК

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

ДЕСК

Wizz Air рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во Светот за 2026

ДЕСК