23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Извештајот на ЕК покажа дека власта не е фокусирана на европската агенда, нејзиниот фокус е само на лажење и крадење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од настанот за промовирање на весникот на УМС „Мегафон“, запрашан од новинарите за коментар за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, посочи дека со извештајот излегоа на површина лагите на власта дека се фокусирани на европската агенда.

Мискоски додаде дека наместо на реформи, претставиците на власта се фокусирани на лажење и крадење и на потпишување на предавнички договори, по што се гледа дека во 35 поглавја не само што нема напредок, туку нотирано е назадување.

„Овој извештај е класичен пример на сите лаги на власта дека се фокусирани на европската агенда. Тие се фокусирани само на лажење и крадење и потпишување на предавнички договори. И претпоставувам во нивната матрица тоа претставува напредок кон Европската Унија. За разлика од вистината содржана во извештајот каде што повеќе од 35 поглавја констатирани се назадувања и тоа навистина е поразително за Македонија, за владата, за сите нас“ – истакна Мицкоски.

Тој изрази надеж дека набргу оваа влада ќе биде минато и дека на чело на Македонија ќе дојде нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги води онака како што треба патот до членство во ЕУ.

Во врска со грејната сезона, „суштината на немањето парно греење кај дел од скопските домаќинства приклучени на централно греење, е затоа што од власта не е подготвена и затоа што работат само за свои лични интереси и продолжуваат со тендери во четири очи“ коментира Мицкоски.

„Суштината е дека не се подготвени и дека продолжуваат со тендерите во четири очи, продолжуваат да работат за свој личен интерес. Ќе ве потсетам, не само сега и пред неколку дена кога температурите беа според правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, беа такви да мора да биде пуштено парното греење, скопјани останаа со ладни радијатори, со исклучок на неколку стотици домови кои што се снабдуваат во реонот на Скопје Север и Чаир кој што се снабдуваат од таа топлана кои што имаа малку млаки радијатори“ – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека понудиле помош и решенија:

„Се надевам дека ќе бидат разумни, дека ќе бидат умни, ќе ја прифатат подадената рака, затоа што сега веќе нема потреба од политички надмудрувања, сега треба да им се помогне на граѓаните да се надмине овој тежок период, оваа зима, а потоа ќе зборуваме за нашите политички недоразбирања“.