Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камен ладни утра со температури до -3, дење до 25 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Во следните денови ќе преовладува сончево време со студени утра и релативно топло преку денот. Утринската температура наместа ќе се спушта под нулата. Во четврток ќе дува засилен северен ветер а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Прогноза за 18.10.2022
Минимална температура: -3°C до 7°C
Максимална температура: 20°C до 25°C

Претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 19.10.2022
Минимална температура: 1°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.10.2022
Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК