Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Ќе се искористи граѓанскиот сектор во процесот на преговори, но ќе мора и да се зајакне јавниот сектор

„Граѓанскиот сектор дефинитивно ќе се искористи во процесот на преговорите. Имав состанок со Советот за соработка на Владата и граѓанските организации и замолив да предложат модел, како да воспоставиме соработка и комуникација, на кој начин тие може да учествуваат“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека Владата е подготвена да ги чуе предлозите, иако има и свои идеи за соработка.

Вицепремиерот Маричиќ додаде дека Владата има ангажирано и странски експерт, кој ќе помогне во изработката на механизам за соработка меѓу невладините и Владата во делот на преговорите и дека сериозниот капацитет кој го имаат невладините организации ќе биде искористен од државата во текот на преговорите.

„Институциите имаат капацитети, но некаде тие не се доволни. Сите институции почиваат на одредена бројка на службеници кои си ја работат својата работа и работат и повеќе од тоа. Имаме капацитет за почеток на процесот, но за да држиме динамика и континуитет потребно ни е повеќе и подобро да работат, но и да се вработат нови луѓе кои се стручни“ изјави Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК