Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Добрите оценки во економскиот кластер на ЕК се поради доброто менаџирање на кризата

„Треба да сме задоволни од оценките во Извештајот на Европската комисија за забележаниот континуитет во реформите во судството, како и од добрите оценки во економскиот кластер, каде што има добри, позитивни оценки и поради законите, но и поради доброто менаџирање на кризата“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека земјава е добро оценета во калстерот за фундаментални вреднсоти и е поздравено спроведувањето на пописот и успешното спроведување на локалните избори.

„Задоволни сме од Извештајот на Европската комисија, но тоа не значи дека тука ќе застанеме, туку овој извештај треба да ни биде мотивација за да одбереме клучни облсати во кои би имале подобри оценки. Задоволни сме, но не е доволно за да се опуштаме и да не правиме ништо наредните 12 месеци“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека вкупната оценка за подготвеност на добро ниво е задоволителна, имајќи предвид дека земјата се соочува со сериозна кризна година со нов состав на Владата, последиците од КОВИД, како и последиците од војната во Украина.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК