16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Со ДУИ сме во коректни односи, имаат ресори изложени во справување со кризата

„Односите со ДУИ можам да ги карактеризирам како исклучително коректни, продуктивни и професионални. ДУИ во Владата има квалитетни министри што се покажува во справувањето со кризата, бидејќи ресорите што ги покрива ДУИ се најизложени во справувањето и имам само пофални зборови за министрите“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека сите коалициони партнери имаат заедничка цел, а тоа е европската агенда и европската иднина на државата, како и справување со енергетската и економската криза.

„Имаме антикризни мерки од 760 милиони евра за најранливите категории на граѓани, за стопанството, за одржување на ликвидноста, за субвенционирање на електрична енергија и за да немаме ниту еден ден рестрикции. Тоа значи дека сите министри работат кон остварување на целта“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека односите во Владата и во целат адржава се пред се насочени кон остварување на визијата за европска Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК