15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Обезбедено е финансирањето на Буџетот за годинава, и на депозитот за идната година

„За оваа година имаме комплетно обезбедено финансирање на Буџетот и тоа за сите функции кои се предвидени. Исто така имаме предвидено и депозит, кој ќе биде префрлен за идната година“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека завршувањето на буџетската година не значи дека финансикиот тек завршува, бидејќи потоа доаѓа следна година во која повторно треба да се финансира буџетски дефицит, но и враќање на задолжувањата од претходно.

„Дали ќе ги вратиме тие кредити со финансиски средства што ќе ги обезбедиме на европскиот пазар или ќе ги обезбедиме и со комбинација на инвеститори што доаѓаат, на пример, од Обединетите Арапски Емирати, е прашања на каматните стапки и на условите што ќе ги обезбедиме“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека договорот на Владата и МФФ потврдува дека државата води здрави еконмски политики, дека има стабилен фискален и монетарен систем.