26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детска клиника: Надоместоците за дежурства како и платите и приходите на сите вработени се целосно законски регулирани

Клиниката за детски болести информира дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:

Добивај вести на вибер
1. Член 216 – Дежурство

2. Член 217 – Посебен случај на дежурство

3. Член 218 – Готовност

4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и

5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност

„Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

Во интерес на севкупната транспарентност на нашата институција во прилог на ова соопштение ви го доставуваме и законскиот акт (атачиран документ во ПДФ).

Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на Директорката Др. Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.

Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.

На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден“, се вели во соопштението од Детската клиника.