Centar.mk
ЛОКАЛНО

Започна реконструкција на железничкиот патен премин во Дељадровци

Општина Илинден во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” започна со реконструкција и модернизација на железничкиот премин во Дељадровци, а работните активности се предвидува да завршат за седум дена, доколку временските услови го дозволат тоа, период во кој овој патен премин ќе биде целосно затворен за употреба.

Железничкиот патен премин во Дељадровци ќе биде реконструиран со нова модерна подлога од рециклирани гумени елементи според највисоки стандарди, со што ќе се овозможи лесно поминување преку железничката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Увид во работните активности на патниот железнички премин направи градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека градежните активности имаат за цел зголемување на безбедноста на граѓаните, побрзо и полесно минување на возилата како и квалитетна патна инфраструктура во Општината.

Општина Илинден по реконструкцијата на овој железнички патен премин, во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” , ќе продолжи со реконструкција и на останатите железнички патни премини во Миладиновци и Илинден.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК