Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Социјалниот систем е стабилен и отворен, способен да помогне на граѓаните

„Социјалниот систем по реформите во 2019 година се покажа дека и во време на ковид-криза е стабилен и отворен. Може да ги апсорбира сите граѓани кои во одреден момент се во социјален ризик. На брз начин тие влегуваат во системот на социјална заштита и имаат одредена финанска поддршка со додека не излезат од тој систем и се вклучат на пазарот на труд“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во дебатата на Клан.

Таа додаде дека државата успешно се справи со делот на социјална заштита за време на КОВИД и упати уверување дека успешно ќе се справи и со предизвиците кои не очекуваат, а произлегуваат од економската и енергетската криза.

„Имаме план за активација и наш главен фокус, како министерство е токму активацијата на пазарот на труд на примателите на гарантирана минимална помош. Системот ги прима граѓаните кои во одреден период се во ризик, но ако ги оставиме подолго време во тој систем ги правиме зависни“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека се бараат начини за како полесно да се направи излезот од системот на социјална заштита и вклучување на пазарот на труд, бидејќи и стопанствата имаат потреба токму од таа работна сила.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК

Извлечено тело на починат маж од Вардар – полицијата објави детали и идентитет на жртвата

ДЕСК

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК