Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Вработените во градинките со нови права, потпишан е колективниот договор

„Вчера беа финалните преговори меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОНК, а денес го потпишавме новиот грански колективен договор за вработените во јавните установи од предучилишно образование со кои се нудат нови дополнителни поволности и права на вработените и членовите на СОНК во градинките“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во дебатата на Клан.

Таа додаде дека колективното договарање за неа како министерка и за Владата е еден од приоритети, поради што се полага многу внимание на преговорите со синдикатите.

„Само на тој начин може да ги унапредиме правата на работниците. Затоа и законот за работни односи се подготвува подолго време. Подобро е да се работи подолго време, но на крај да имаме закон кој ќе одговара на сите. Закон кој ќе го помине социјалниот дијалог и ќе биде донесен со консензус на работниците, работодавачите и владата“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека нацрт-верзијата од законот ќе биде објавена на ЕНЕР до крајот на месецов, а дека во текот на ноември ќе се организира широка дебата со девет настани низ државата за да се слушне мислењето на сите засегнати страни.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК