Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со блокадите на Собранието и европскиот пат Мицкоски се стави на погрешната страна на историјата

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, со блокирање на евроинтеграциите и на носењето важни законски решенија за граѓаните во Собранието повторно се стави на погрешната страна на историјата.

Владата предводена од СДСМ ги започна преговорите за членство во ЕУ, за реализација на стратешкиот интерес за полноправно членство во ЕУ како Македонци, кои говорат македонски јазик, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции и блокади на евроинтеграциите, на штета на државата и на граѓаните.

Истовремено над 50 закони со месеци се закочени во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е неодговорно во време на криза. Голем дел од овие законски измени се за граѓаните, стопанството и енергетскиот сектор полесно да ја поминат кризата.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокираше законски решенија и за време на пандемијата со коронавирусот, блокираше и кога немаше криза.

Мицкоски лицемерно продава лажна загриженост за граѓаните, само декларативно се залага за членство во ЕУ, а истовремено блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата.

Мицкоски се стави на погрешната странa на историјата, но не може да ја закочи европската иднина.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК