Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен битолчанец кој покажувал порнографски материјал од својот телефон на малолетничка

На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Битола.

Тој се сомничи дека на 10.10.2022 околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК