23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Кузеска: Шпицниот градоначалник Мицкоски ги партизира општините за тендери

Освен рацете во медот и кавги за тендери граѓаните не видоа ништо од работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во изминатата една година. ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во над 50 општини и после цела една година заклучокот е тој: нема нови проекти за граѓаните, нема напредок на општините, има само шпицен градоначалник околу чии интереси се врти буквално се’. Видовме дека наместо пред граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додава дека токму Мицкоски е тој кој оди на сечење ленти на некои игралишта, тој врши увиди некакви, пред него градоначалниците реферираат, дури Мицкоски и дава изјави во нивно име. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ пак немаат никаков срам, одговараат пред Мицкоски понизно. Граѓаните не им се важни воопшто.

Кузеска истакна дека на партиски настани, се даваат партиски отчети, наместо на општински настани да се даде отчет пред граѓаните. Исто како во времето на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нерефермирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски. Партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе.

Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, изјави Кузеска.