Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Спорт

(Видео) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски присуствуваше и се обрати на свечено потпишување на договор за спонзорство помеѓу Мтел, членка на групацијата Телеком Србија и КК Работнички Скопје, најтрофејниот клуб во македонската кошаркарска историја.

Договорот за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за клубот во следните четири години, го потпишаа извршниот директор на Мтел, г-дин Марко Лопичиќ и извршниот директор на КК Работнички Скопје во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Ковачевски во своето обраќање по повод потпишување на договорот истакна дека во ова време кога како општество во фокусот ни е одржување на животниот стандард, секако од не помала важност е да продолжиме да инвестираме и во активностите кои на сите нам и во најтешките времиња може да ни донесат моменти на радости и гордост како граѓани, како љубители на спортот, но и како држава.

„ Денес целата спортска јавност треба да ја поздрави деловната одлука на Мтел да стане генерален спонзор на еден од најтрофејните македонски спортски клубови. Во услови на европска енергетска криза, со најтешки економски последици после Втората светска војна, демонстрирање на вака висок степен на општествена одговорност е чин кој несомнено треба да се поздрави“, истакна премиерот Ковачевски.

Исто така напомена дека како Влада и понатаму ќе се залагаат за активно создавање на услови за компаниите како би можеле да продолжат со донации и спонзорства за спортот.

„ Ја користам приликата да ги охрабрам македонските компании во рамките на своите корпоративни можности да го поддржуваат македонскиот спорт, особено младинските категории. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е поддршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека ова ново партнерство на КК Работнички и Мтел е еден вистински чекор во таа насока”, рече премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Ковачевски: Мицкоски секое утро прво проверува на телефонот што кажал Апасиев

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека е изводливо до 2030 година земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тој од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ од Велес кажа… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе