Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, потпиша меморандум за соработка со коалицијата на младинските организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија.
„Водејќи се од нашата примарна и најважна задача како локална самоуправа, а тоа е унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, ги користиме сите методи за да ги имплементираме барањата и да одговориме на потребите на сите категории лица, вклучително и младите. Како градоначалник сметам дека е доста полезна вклученоста на младите лица во активностите на Општина Кисела Вода, како што се изготвувањето на програмите за работа, креирањето на буџетите, кои секоја општина ги има определено за активностите на младите, како и за сите прашања што нив ги засегаат. Давањето глас на младите лица не само што е наша законска обврска туку ни овозможува преку имплементирање на нивните идеи да носиме одлуки што ќе бидат комплетни и во целост ќе одговорат на потребите на засегнатите страни. Денес потпишаниот меморандум со коалицијата на младински организации СЕГА ќе ни помогне во тие заложби, особено што веќе со одлука но Советот на Општина Кисела Вода ни е оформен локалниот младински совет, кој ќе им советодавна улога и во целост ќе им даде глас на младите лица од овој дел на градот Скопје“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на средбата.
Во рамките на соработката коалицијата СЕГА обезбедува поддршка за подготовка на локална стратегија за младите од општината Кисела Вода во согласност со Законот за младинското учество и младинските политики. СЕГА исто така ќе придонесе кон ефективно функционирање и јакнење на капацитети на локалниот Младински совет во Општина Кисела Вода како функционален модел за младинско учество во локалната заедница.
„Општина Кисела Вода е четвртата општина што покажа грижа за младите применувајќи ги одредбите што произлегуваат од Законот за младинското учество и младинските политики. Општината ќе почне процес на креирање локална стратегија за млади, која ќе придонесе кон подобрување на општата благосостојба и квалитетот на животот на младите во заедницата. Во оваа пригода сакаме да ги потсетиме сите градоначалници дека нивна должност е да пристапат кон креирање стратегии за млади, како и воспоставување локални мизвршен директор на коалицијата на младински организации СЕГА.