Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен шверцер на мигранти, превезувал лица од Сирија

На 5.10.2022, во 18.50 часот, на регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на с. Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода М. А.н(23) од Лозово.

Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти.

Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.

Притоа во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М. А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК