Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Костовски: Во Бутел се гради нова градинка, се асфалтираат над 20 улица, се градат паркови и игралишта

„Денес на мое големо задоволство тука сме заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да одбележиме официјално започнување со градба на една нова, модерна градинка на територија на општина Бутел, поточно во населеното место Бутел 1. Ова беше едно предизборно ветување коешто евидентно станува реалност“ изјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Тој посочи дека „градинката се гради врз основа на програмата на ТАВ, е во вкупна вредност од 35 милиони денари. Таа ќе биде со капацитет каде што ќе може да собере 120 дечиња, површина за градба е некаде околу 950 метри квадратни во првата фаза која што се гради во моментов и втората фаза која што предвидува мини спортска сала за дечињата од градинката и ќе биде некаде во износна површина од 200 метри квадратни“.

„Пред неколку дена го завршивме и работното лето на територија на општина Бутел, се сработи многу, се асфалтираа над 20 улици, скоро секое маало веќе добива нов парк, ново спортско игралиште, го менуваме ликот на општина Бутел и убеден сум дека ќе продолжиме со оваа динамика која што ја наметнавме во првата година од мандатот“ рече Костовски.

Можеби ќе ве интересира

Во тек се активности за втора фаза, бетонирање на темели за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

ДЕСК

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

ДЕСК

Црната листа на САД и тивката дистанца на СДСМ од Јакимовски

ДЕСК