15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Холштајн: Една од целите на Берлинскиот процес е заедничкиот регионален пазар за сите шест земји, а Отворен Балкан е сигурно првиот чекор

Канцеларот Олаф Шолц најави рестартирање на Берлинскиот процес, кој започна во 2014 година, но не беше активен две-три години. Во меѓувреме, се роди иницијативата Отворен Балкан, како и други проекти за регионално поврзување. Во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА, Амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Н. Е. Анке Холштајн, вели дека една од големите цели на Берлинскиот процес е заедничкиот регионален пазар за сите шест земји, а Отворен Балкан е сигурно прв чекор кој прави смисла за патот дотаму.

-Тоа е идејата, сè што може да се направи за да се подобрат разбирањето и соработката меѓу земјите во регионот да се стави во рамките на Берлинскиот процес. Една од големите цели на Берлинскиот процес е заедничкиот регионален пазар за сите шест земји. Отворен Балкан е сигурно прв чекор кој прави смисла за патот дотаму, но не инклузивно, бидејќи има земји кои не спаѓаат во него и затоа е ограничен во своето делување и корист. Заедничкиот регионален пазар, како што беше подготвен во рамките на Берлинскиот процес со заедничко македонско-бугарско претседателство во Софија, би ги вклучил сите шест земји заедно. Во моментот течат преговори за да има напредок.

-Точно кажавте, сојузниот канцелар Шолц планира повторно да го заживее Берлинскиот процес. Веќе се одржа дигитален самит во Приштина минатата недела, ќе следат средби на министрите за внатрешни работи, за економија и енергетика, за надворешни работи, а на 3 ноември ќе има Самит во Берлин и се надеваме, по можност, на конкректни резултати. Се надеваме дека овој заеднички регионален пазар навистина ќе можеме да го заживееме.

-Ако се навратиме на почетоците на Берлинскиот процес, тој навистина постигна многу. Во 2014 година кога беше првата средба, Србија и Косово за првпат седеа на иста маса заедно со знамето и името на државата. Или ако помислиме на укинувањето на роамингот во регионот, што немаше да се случи без Берлинскиот процес. Или на моето омилено дете од Берлинскиот процес: Регионалната канцеларија за младинска соработка. Таа неодамна ја спроведе програмата „Супер училишта“ каде што ученички и ученици од различни места во регионот се среќаваат, се запознаваат, ги рушат предрасудите и забележуваат дека и другите не се толку поинакви. Тоа му треба на регионот за заедничка иднина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шефицата на ЕК: Зголемените цени на енергијата ги открија лимитите на пазарот

M T

Лавров: Русија ќе ги постигне сите цели во Украина

M T

Медведев: Русија ќе ги постигне сите цели, мир по наши услови

M T

Шефицата на британската дипломатија: Путин не ги постигнува своите цели, па прибегнува кон очајнички мерки

M T

Медведев за целите на Америка: Русија никогаш нема да дозволи таков развој на настаните

M T

Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

M T