22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од мали промени во животните навики до зелена трансформација во општеството – „Еко – свест“ и мрежата CEE Bankwatch со студии за поголема свесност околу зачувување на животната средина

Заштитата на животната средина е глобален и комплексен предизвик којшто ги засега сите сегменти од животот на човекот, особено економскиот живот, што е и главната причина за сегашната состојба на животната средина.

Балансирање на економските и социјалните влијанија врз животната средина, станува императив на јавните политики на современото општество. Оттука, развојот во 21-виот век треба да се заснова на рационално користење на природните ресурси, со минимални и реверзибилни штети врз животната средина.

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје веќе две децении активно работи на одржливиот развој, заштитата на животната средина и поттикнување зелена трансформација во општеството.
Оваа есен, „Еко-свест“ во соработка со мрежата „CEE Bankwatch“, ќе објави две студии на тема „Анализа за алтернативи за централното греење базирано на јаглен за Битолскиот Регион“ и „Данок на јаглерод“.

Податоците од овие студии очекуваме да поттикнат поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки поврзани со начините на загревање во домаќинствата, но, и да се информираат за алтернативите кои би го подобриле нивниот квалитет на живот, а би ги подобриле и состојбите во животната средина.

Енергетската ефикасност е процес на намалување на потрошувачката на сите видови енергија додека се подобрува квалитетот на живот, што значи трошење помалку енергија за иста количина на производи или услуги.

Така на пример, можете да земете класична сијалица, која најголем дел од електричната енергија којашто ја користи ја претвора во топлина, иако нејзината главна цел е да ја претвори електричната енергија во светлина. Затоа, класичната сијалица е енергетски неефикасна, за разлика од новите генерации на „штедливи светилки“, кои поголемиот дел од електричната енергија што ја трошат ја претвораат во светлина.

Доколку, пак, електричната енергија која ја трошат доаѓа од одржливо искористени обновливи извори, како што се сонцето или ветерот, тогаш енергијата која ја користи таа светилка истовремено е најмалку штетна за животната средина и здравјето на луѓето.

На истиот овој начин, преку инвестирање во одржливи начини на греење како што се инвертер климите, особено со нивно комбинирање со кровни соларни панели со кои се обезбедува енергија за нивното работење, се создава еден исклучително ефикасен систем за загревање на домаќинствата кој носи големи заштеди на долг рок. Придобивките од ваквите системи може повеќекратно да се зголемат со здружување на неколку домаќинства во таканаречени енергетски заедници каде што со заедничка инвестиција ќе создадат мал енергетски систем за сопствените потреби. Ова секако треба да е пропратено и со обезбедување енергетски ефикасна топлинска изолација на објектите коишто се загреваат.

На овој начин придонесуваме за севкупно намалување на потрошувачката, зачувување на животната средина, подобрување на личната удобност и животниот стандард, и што е најважно, придонесуваме за позитивни промени и навики во околината и општеството.

„Еко-Свест“ како центар за истражување и информирање за животната средина апелира на вклучување на секоја единка да инвестира во процесот на зачувување на животната средина и менување на навиките кои ќе доведат до поздрав живот за сите.

Можеби ќе ве интересира

Грковска: Дигитализацијата е високо на агендата на Владата зашто е клучен процес за подобрување на јавните услуги и за развој на демократијата во едно општество

M T

Перфекционизмот го попречува напредокот: Еве зошто наглите промени во навиките не се добри

M T

Изненадувачко откритие: Ако сте склони кон овие навики, вие сте изложени на најголем ризик за заболувањето на замастен црн дроб

M T

Ако страдате од висок крвен притисок, отфрлете ги 4-те НАЈЛОШИ УТРИНСКИ НАВИКИ кои ги имаме скоро сите

M T

Венера влегува во Лав, време е за ризични промени: Овенот мора да се чува од безработица, а ракот од ароганцијата

M T

WhatsApp воведува промена која корисниците ја посакуваат со години

M T