20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособната власт македонските компании пропаѓаат, а народот тоне во сиромаштија

Власта на трајно неспособниот Ковачевски предизвика економска и енергетска катастрофа. Во последните две години домашното производство на електрична енергија е намалено за еден терават часови. Тоа ја направи Македонија најзависната земја во регионот која увезува една третина од своите потреби. Поради недоволното производство и скапиот увоз домаќинствата за неколку години плаќаат 50% поскапена струја, а компаниите дури за 500%. Ова се одразува погубно и за стандардот на граѓаните и за стопанството, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека македонските компании се помалку конкурентни, бидејќи плаќаат најскапа струја од сите компании во регионот. Затоа за една и пол година дури 12 илјади компании ставија клуч на врата, а само во јули една четвртина од фирмите немаа исплатено на време плати на своите вработени. Ова се одрази на економската активност. Па така првиот квартал го завршивме со рекордно најнизок раст во споредба со регионот со само 2,8%, што е два до три пати пониско од растот на БДП во другите земји.

Граѓаните пак од друга страна се соочуваат со рекордна стапка на инфлација која достигна до 16%, што е најмногу во регионот и една од највисоките во Европа. Оваа стапка на инфлација е дури двојно повисока од европскиот просек. Тоа значи дека во голема мера е предизвикана од домашни фактори и од неспособноста на власта. Основните животни потреби, како храната и горивата се поскапени за 50 до 100%. Ако до пред некој месец околу половина милион жители на Македонија беа во сиромаштија со 150 денари на ден, сега таа бројка веројатно е далеку повисока, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најстрашното од се е што оваа власт предводена од неспособниот дезертер Ковачевски не превзема ништо да им помогне на граѓаните. Наместо конкретна помош, клептоманската власт парите ги троши на октоподи, кафиња, службени возила, прослави, мебел, вработување на балдази, сопруги, фризерки, матни тендери и слични дубари.

Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине, се вели во соопштението.