14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Двајца осомничени за разбојништво во кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава против две лица, на возраст од 41 и 34 години, донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека двајцата соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 238 став 4 во врска став од Кривичниот законик.

На 21 септември, осомничените, затечени во кражба во кумановско Долно Којнаре, употребиле закана и сила дека ќе нападнат врз животот и телото на две лица. Од гаража во дворот на една куќа одзеле бакарна прскалка, но биле затекнати од сопственикот и неговиот син. Во обид да побегнат, еден од осомничените извадил нож со кој се заканиле на оштетените, но тие успеале да ги совладаат и да ги задржат до доаѓањето на полицијата.

Со оглед на тоа што и двајцата осомничени се претходни сторители на други слични кривични дела, па постои јасен ризик да го повторат делото или да се дадат во бегство, како и опасност да се обидат да влијаат врз сведоците/оштетените, јавниот обвинител достави предлог да им биде определен притвор.

Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.