Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

„Тесла“ повлекува над еден милион автомобили во Америка?

„Tесла“ повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефект на системот за автоматско спуштање на прозорците, пренесуваат медиумите во регионот.

Оваа грешка, според написите, може да предизвика возилото да не открие пречка и да резултира со повреда.

Системот за автоматско спуштање на прозорците работи така што спречува повреда на патниците на возилото со запирање на прозорецот доколку наидете на пречка, се наведува во новинарските извештаи.

Од „Тесла“ изјавиле дека не знаат за какви било барања поврзани со несреќи, извештаи од терен, повреди или смртни случаи, поврзани со тој проблем.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК